Како напредува автопатот Кичево - Охрид

И покрај се погласните и оптимистични најави на власта граѓаните и понатаму се скептични за автопатот Кичево - Охрид дека за година ипол отсега ќе биде целосно изграден.

Се жалат дека возењето на овој патен правец е вистинско измачување,необележан или неадекватно обележан коловоз, дупки на секој чекор, неосветлен е а и на многу точки не се  поставени табли со известување за градежни активности.

На терен работите се придвижуваат, во моментов најфреквентно е пред влезот на Охрид каде дел од трасата во должина од 40 км или од Врбјани до Охрид до почетокот на јули ќе треба да биде пуштена во функција. Динамиката на градењето периодов ја диктираат временските услови но големи отстапки нема да има вели министерот за транспорт Николовски.

Децениската изградба на оваа траса го зголеми бројот на сообраќајки изминативе години а нејзината доизградба е клучна првенствено за безбедноста на граѓаните па потоа и за индустрискиот развој на регионот.Истиот државата досега ја чини околу 600 милиони евра.