Како Коби Брајант влезе во легендите
Foto

Како Коби Брајант влезе во легендите

Тагата и болката го обединија светот. Интернет пространството за среќа нема граници, па може да ги собере сите зборови, фотографии и видеа посветени на Коби Брајант и неговото семејство.

Уште синоќа се јавија неговите најблиски пријатели, соиграчи, дури и ривали. Шекил Онил, човекот со кој освоија три шампионски прстени од 2000-та до 2002-ра, кажа дека лично чувствува голема загуба.

„Нема зборови кои можат да ја изразат болката низ која минувам поради оваа трагедија, поради загубата на мојата внука Џиџи и мојот брат Коби. Ве сакам и ќе ми недостигате. Сочувство за семејството Брајант и за сите семејства на патниците во хеликоптерот. Ми се лоши во моментов.“

Се огласи и најголемиот на сите времиња, човекот кој направи никој да не ни помислува оти ќе се роди играч барем близу на него по кошаркарската брилијантност..

„Во шок сум поради трагичните вести за смртта на Коби и ќерка му Џиана. Нема зборови кои можат да ја опишат болката која ја чувствувам. Го сакав Коби, тој беше како мој помал брат. Често разговаравме и многу ќе ми недостигаат тие разговори. Тој беше бестрашен натпреварувач, еден од најголемите во оваа игра, беше креативна сила. Беше и неверојатен татко, кој длабоко го сакаше своето семејство и се гордееше со својата ќерка и со нејзината љубов кон кошарката.“ - напиша мајкл Џордан.

Болката ја изразија и Меџик Џонсон, Карим Абдул Џабар, тренерот Док Риверс плачеше на камера, а Ппау Гасол и уште неколку кошари повикаа да не се играат натпреварите. Кајри Ирвинг, кој важи за негов близок пријател, само си ја собрал торбата и си заминал од Медисон Сквер Гарден, пред мечот Њујорк – Бруклин.

Во Тексас, пак, кошаркарите на Сан Антонио и на Торонто, не играа воопшто во првите напади, оставајќи да поминат 24-те секунди, во чест на 24-ката на Коби. Далас Маверикс утрово објави дека го повлекува бројот 24 во својата франшиза, иако Коби Брајант никогаш не играл таму, а се јави неформална иницијатива 24-ката да ја повлечат сите екипи од НБА.

Денеска неговите фанови на интернет потпишуваат петиција за да се смени логот на НБА-лигата, силуетата на легендарниот џери вест и да се смени со силуета од Коби. Тагата по Брајант ги проби границите на Америка.

Во Тел Авив, дербито меѓу Макаби и Хапоел беше прекинато за да му одадат почит во солзи и играчите и публиката. Во Шпанија, фудбалерите на Барселона со минута молчење го почнаа својот тренинг, во Мелбурн, Ник Кирјос излезе на терен со дрес на Коби Брајант, пред својот меч против Рафаел Надал. Коби брајант ги допираше луѓето и надвор од кошаркарските сали. Новак Ѓоковиќ пред само три дена во живо на спортската мрежа еуроспорт раскажуваше дека тој му бил ментор, му се нашол во тешките периоди во животот и дека научил многу од него.

Коби Брајант успеа да се наметне како најзначајно име во, можеби, најпопуларната кошаркарска франшиза, Лос Анџелес Лејкерс. Велат бил нивен фан уште како дете, кога живееле во Италија од 84-та до 91-ва.

Неговиот исклучителен талент го доведе во тимот како прв пик на драфтот во 96-та година, уште на 18 години.. Веднаш стана лидер на тимот, во тандем со Шекил Онил, а од 2000-та до 2002-ра освоија три шамионски титули по ред. Иако го оспоруваа дека не може без шек, го повтори шампионскиот успех со уште два прстена, во 2009та и во 2010-та. Во тие две години беше прогласуван за мвп на финалето, а во 2008-ма беше најкорисен играч во регуларната сезона. 11 пати беше биран во тимот на сезоната, 18 пати играше на ол-стар натпреварите, а на четири од нив добиваше признание МВП. Се повлече во 2016-та, како еден од најголемите во оваа игра, но по пензионирањето покажа дека има и други таленти.. Во 2018-та година доби Оскар за својот краток анимиран филм „Драга кошарко“, а неколку месеци подоцна излезе неговата книга „Мамба менталитет: Како јас играм“.

Дојде во 96-та, како 18-годишен тинејџер, а до 2010-та веќе освои пет титули, 11 пати беше во тиомт на колото во НБА, двапати беше прогласуван за МВП на финалето, а еднаш за најкорисен во цела сезона.

0 Коментари

Остави коментари