Како изгледа предновогодишната атмосфера

Традиционални подготовки за дочекот на Новата 2022, излози со намалувања до 50 % , стремеж кај населението за подобра иднина.

Декември е месец во кој се сумираат впечатоците од годината што изминува. Оптимизам во семејствата и надеж за повисоки финансиски примања. Граѓаните за празниците ги очекува зголемена потрошувачка кошничка, за што е потребен подлабок џеб.

Најголемите проблеми кои ги мачат граѓаните се однесуваат на невработеноста, стагнацијата на економијата и високите цени за основни животни трошоци.

Монотоните случувања предизвикани од пандемијата се очекува побрзо да се заборават со празничната еуфорија, додека мерките кои се однесуваат на вакцинацијата и ПЦР тестовите ќе ги намалат новогодишните патувања.