Како Груевски избега од границите на Mакедонија, кој ќе понесе одговорност?
Foto

Како Груевски избега од границите на Mакедонија, кој ќе понесе одговорност?

Обвинителството за организиран криминал прибира податоци за да утврди кој го организирал и овозможил бегството на Никола Груевски. Се испитува надлежноста  и положбата на  службите, но и какви обврски имале телохранителите кои му го чуваа грбот на поранешниот премиер, велат извори од обвинителството за ТВ24. Се уште е рано да се впери прстот кон осомнчени лица. Предметот е отворен по допрен глас и под притисок на јавноста.

„Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле на осудениот нелегално да ја напушти Република Македонија.“ - велат од Обвинителство за организиран криминал.

Паралелно и други институции работат на процедури по бегството на Груевски. Внатрешната контрола во МВР истражува дали полицајци биле вмешани во планот за бегство на Груевски. Министерството за правда ги токми документите кои ќе треба да ги испрата кај унгарските колеги за да биде спроведена екстрадиција.

„Во документацијата ќе се образложи зошто треба да биде екстрадиран Груевски, се работи за обемна документација и ова барање и официјално ќе биде доставено до Унгарија.“ - изјави Рената Дескоска.

„Факт е дека постапката не е брка и кратка. Се адевам дека власта во Унгарија нема да ги користи максималните рокови во меѓуародото право и дека ќе делуваат поефикасно. Не смее лице кое бара азил да избега. Тие го имаат лоциран и имаат дадено информација дека тој се наоѓа таму,“ - изјави Миле Бошњаковски.

Намерата да поднесе барање за азил во Унгарија, експремиерот Никола Груевски ја изјавил во унгарска амбасада надвор од Македонија, тврди шефот на кабинетот на унгарскиот премиер во изјава за агенцијата Ројтерс. Откако поранешниот премиер побегна пред отворени очи на институциите, 15тина невладини организации укажуваат на голем број пропусти направени во текот на постапката за случајот „Тенк“, во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на 2 години затвор, но пред да влезе во истражниот затвор успеа да побегне надвор од Македонија.

0 Коментари

Остави коментари