Како дојде до француски предлог со кој во основа беа бетонирани бугарските позиции во спорот со Македонија?

Македонија и рече не на Франција - предлогот на Макрон за кревање на ветото како непристоен предлог кој можеше да го распарчи и онака поделеното македонско општество. Изнудено одбивање или конзинстентен став на владата за неприфакање на предлози кои можат да го поткопаат националниот идентитет? Како дојде до француски предлог со кој во основа беа бетонирани бугарските позиции во спорот со Македонија? Што понатаму? Преспанскиот договор не научи дека секое одлговлекување не носи подобра позиција за Македонија. Значи ли тоа дека по португалскиот, а сега и со француската алтернатива за решение, македонските позиции за некои идни преговори се урнисани?

Во 24 отворено дебатираат Антонио Милошоски претседател на Комисијата за надворешни работи во Собранието и екс министер за надврешни работи во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Андреј Петров член на извршниот одбор на СДСМ.