Како да заживее старата скопска чаршија?
Foto

Како да заживее старата скопска чаршија?

Делот од градот во кои туристите секојдневно се воодушевуваат на старите занаети, духот на минатото на старо Скопје и имиџот кои говори за едно минато време, секојдневно тоне во нови проблеми.

Старата и пропадната калдрма во скопската чаршија го отежнува движењето на посетителите. Не доволниот и хаотичниот паркинг простор ги оддалечува гостите, а проблемот со осветлувањето во чаршијата создава несигурност кај посетителите.

Еснафот од чаршијата, предводен од Бејтула Морина , и понатаму очекува реализирање на ветените проекти.

Градоначалникот на општина Чаир е запознаен со проблемите на еснафот, и најавува нови проекти со кои ветува решавање на проблемите со калдрмата и паркингот на чаршијата.

800,000 евра преку Светската банка ќе бидат овозможени за промена на калдрмата од плоштадот Скендер бег до Мурат паша. Според Ганиу, градежните работи ќе започнат најдоцна на почетокот на следниот месец.

Проектот со унифицирање на излозите во чаршијта продолжува и понатаму, досега според министерот за економија, Крешник Бектеши ,од предвидени 97, уредени се 63 излози.

За овој проект од буџетот на Министерството за економија беа издвоени 9,7 милиони денари, а од буџетот на Општина Чаир вкупно 1,7 милиони денари.

0 Коментари

Остави коментари