Како да се зголемат инвестициите?
Foto

Како да се зголемат инвестициите?

Вака првиот човек на Советот на странски инвеститори го започна денешниот прес на кој ги информира новинарите дека е формирано нова Асоцијација на компаниите од технолошко-индустриските зони, на чие чело е избран токму поранешниот директор на зоните Виктор Мизо, а актуелен директор на германската компанија „Костал“. Асоцијацијата ќе треба до Нова Година да испорача барања кон власта за подобрување на бизнис условите во зоните. Прашан што сега Мизо ќе бара од власта што имал можност, а не го направил за време на неговото долгогодишно директорување - Петер рече дека не треба да се зема секогаш во предвид на која страна сте.

Токму Мизо во ноември 2015 го потпиша договорот со „Костал“ во име на тогашната Влада, што пак за експертите беше класичен судир на интереси бидејќи според законот, службено лице во рок од три години по заминување од функцијата не смее да се вработи во друштво со кое имал воспоставено каков било договорен однос. Вицепремиерот Анѓушев пак го обвини Мизо, дека како владин претставник издејствувал, токму „Костал“, покрај другите олеснувања да биде единствената странска инвестиција која ќе биде ослободена од плаќање придонеси за вработените.

Виктор Мизо во изјава за ТВ 24 пак вели дека нема ништо спорно.

„Ниту јас ниту Костел не можеме да „испорачуваме“ барања во контекстот кој го наметнувате. Оваа групација на компании ќе ги усогласува уставовите на соодветно ниво и во рамките на Стопанската Комора на Макеоднија, по што ќе оствари соодветна комуникација со државните органи во насока на подобрување на амбиентот за работа“- изјави Мизо за ТВ 24.

Петер ги искара домашните компании дека им треба подобар маркетинг за да се зголеми соработката со странските инвеститори, која и според Владата е на ниско ниво. Според него и за странските инвеститори е поефтино, побрзо и поефикасно да соработуваат со домашните компании, но потребни се и сертификати за квалитет. Им порача на компаниите да тропнат на вратите на странските инвеститори, а тој е сигурен дека секоја врата ќе им биде отворена.

0 Коментари

Остави коментари