Како да се застане на патот на работата на црно?!

Владата подготвува закон со кој планира да застане на патот на работењето на црно. Од неформално вработени идеата е да се формализираат вработени во земјоделството, туризмот и угостителството како и луѓето кои најчесто се ангажираат како момош во домот или бејбиситери.  Од министерството за економија за ТВ 24 велат дека законското решение е влезено во владината процедура и се вршат дополнителни консултаии и усогласувања помеѓу институциите. Посочуваат дека по усвојувањето на предлогот од страна на владата истиот ќе биде доставен до собранието. 

Во Предлогот на закон е предвидено дека работодавачот, физичко или правно лице, покрај обврските што ги има спрема ангажираното лице, ќе биде должен да плаќа данок на личен доход, придонес за пензиско и инвалидско осигурување и дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување.

Од  Центарот  за истражување и креирање политика  велат дека доколку со законско решение се тргне во борбата против работата на црно, бенефит ќе имаат трите страни. 

„Во моментов главниот фокус во поглег да формализација на неформалната економија е токму делот на сезонските работни ангажмани во земјоделството туризмот и угостителството како и оние услуги во домаќинството кои што се вршат во смисла на пегнање, чување дете, значи грижа за домаќинствата  и така натака помошник во домот за чистење за пеглање за средување по дома и така натака значи таков вид на попош по таков вид е со висок степен на непријавен труд во нашата држава.“, Кристијан Трајковски – невладина организација .

Трајковски вели дека со работата на црно губи државата која што не добива нови средства во јавниот буџет, граѓаните кои што работат на црно исто така не добиваат никаква правна и социјална заштита и бизнисите кои што функционираат односно работат во рамките на неформалната економија. 

Во агенцијата за вработување има над 100 иљади лица кои се водат како невработени, проценките на експерите се дека најмалку една третина од нив работат на црно само за да не загубат некој бенефит кој го добиваат од државата.

Вакво слично решение веќе неколку години има во Србија. Епилогот е, 50 илјади граѓани кои работеле на црно, сега се пријавени и имаат здравствено и пензиско осигурување.