Како да се заштитат семејствата од современите предизвици како насилството, булингот и разводите?
Семејно и сајбер насилство, булинг, малолетнички абортуси, зголемен број на разводи се дел од предизвиците со кои се соочуваат семејствата низ Македонија. За намалување на ваквите проблеми потребна е семејна едукација.
Ова беше заклучокот од денешната панел дискусија по повод Меѓународниот ден на семејството.
Душанка Петрова, советник во Завод за социјални дејности рече дека често пати насилството трае и откако сопружниците ќе се разведат. Според неа, во такви ситуации најчесто страда мајката.
- Има предмети каде насилството се влече и трае постојано посебно каде што имаме разводи затоа што најчесто една врска и еден брак каде насилството е акутно, бракот се разведува и потоа има деца, децата се доверуваат кај едниот или другиот родител. Злоупотребувачкиот родител продолжува да малтретира и злоупотребува жртва е мајката најчесто преку тие контакти и видувања или кога се предава детео или кога се пренесува порака, насилството продолжува и тогаш кога мислиме дека бракот се разделил и веќе не се во близина. - Душанка Петрова, советник во Завод за социјални дејности.
Универзитетската професорка Татјана Стојановска рече дека семејната едукација ќе помогне гласно да се говори за проблемите со кои се соочуваат и родителите но и децата
- Затоа ни ни е потребна семејна едукација за оваа проблематика и говорење јавно, затоа се што потекнува и насилството ни покажуваат истражувањата. Не говориме напамет. Нас фактите ни говорат дека од несоодветно тертирање на соодветни проблематики во семејството ни се раѓаат тие проблеми. Го псоменав насилството и често пати родителите несвесно придонесуваат за да тоа се етаблира. - Татјана Стојановска универзитетска професорка.
Граѓаните пак, се со поделени мислења. За дел од нив, семејната едукација во новото модерно време е потребна, додека другите сметаат дека државата има долга семејна традиција и нема потреба од дополнителни едукации.
Меѓународниот ден на семејството се одбележува на 15 мај.

