Како да се реши деценискиот проблем со дивата депонија Вардариште, протестите ќе продолжат
Постојаното палење на дивата депонија Вардариште со години претставува еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Општина Аеродром и Гази Баба. Мирисот и чадот кој што се шират оттука дополнително го загадуваат воздухот во Скопје.
Ѓубре кое се складира на несоодветен начин, пластика, метал и покуќнина е првата глетка што може да се забележи од дивата депонија Вардариште до која, во непосредна близина живеат луѓе.
Телевизија 24 и денеска направи обиколка низ улиците во Општина Аеродром и Гази Баба. Прашавме дел од граѓаните како живеат и какво влијание врз нив остава димот кој доаѓа од запаленото ѓубре. Оние кои се одлучија да зборуваат пред камера велат дека за да се спречи постојаното нелегално палење на депонијата потреба е контрола од страна на полицијата. Објаснуваат дека загадениот воздух најмногу се забележува во вечерните часови.
Анкета граѓани
- Превенција пред се, нормално да има контрола од полицијата. Тоа се нелегални активности. Ние сме од другата страна тука Ново Лисиче сме загаден е како не сериозно загаден е поготово навечер
- Не да е загаден, презагаден е. Малку ни е се затоа што сме такви што не разбираме ништо.
За нечистиот воздух и проблемите со загадувањето, дел граѓаните од Општина Аеродром и Општина Гази Баба пак се здружија во граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ и секојдневно веќе еден месец се на улица. Нивното главно барање е затворање на депонијата „Вардариште“ и итно решение за почист воздух за Скопје.
Зоран Стојковски од „Стоп за Вардариште“ вели дека пожарот кој се случил на почеток на месец септември во депонијата ја прелеал чашата, па граѓаните спонтано почнале да организираат блокади.
Зоран Стојковски, граѓанска иницијатива „Стоп за Вардариште“
- Проблемот со Вардариште е тажана приказна, ако државата ни постои 34 години, проблемот го имаме скоро три децении и е тажна приказна за тоа како кај нас не се решавата проблемите. Токму поради тоа некако се прелеа чашата со пожарот кој беше на почеток на месец септември и спомнтано граѓаните од Општина Аеродром и Гази Баба излегоа.
Стојковски објаснува дека очекуваат институциите посериозно да ја сфатат ситуацијата и да почнат да работат на решавање на проблемот со депонијата Вардариште.
Зоран Стојковски, граѓанска иницијатива „Стоп за Вардариште“
- Сакаме да видиме и поагилен однос на институциите и барањата кои ги имаме, бараме иснтитуциите да постапат но гледаме во основа дека тоа не се случува. Да дојдат да покажат, да организираат прес со нас граѓанските иницијативи во кој ќе кажат овие проблеми ги решаваме за еден месец, за два месеци некои од нив можеби за година.
За тоа дали се направени некакви мерења за загаденоста на воздухот но и на почвата во Варадриште, Телевизија 24 претходно ги контактираше и Инспекторатот за животна средина. Оттаму добивме одговор дека надлежени за тоа се Општина Гази Баба.
Пред десетина години, за дивата депонија Вардариште изработена е и физибилити студија со која се покажани неколку начини како може да се реши проблемот. Блокадите за почист воздух во организација на граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ ќе продолжат и во наредните денови.

