КАКО ДА СЕ НАМАЛИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО – ИНЦИЈАТИВИ ДО ВЛАДАТА
Foto

КАКО ДА СЕ НАМАЛИ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО – ИНЦИЈАТИВИ ДО ВЛАДАТА

Аерозагадувањето како проблем кои ги гуши граѓаните повторно на агендата како проблематика за која допрва ќе се разговара за идеални мерки. За таа цел денеска во Владата, претставниците на невладиниот сектор очи во очи со претставници надлежните институции дискутираа за проблемот со аерозагадувањето. На истата средба, од здружението „ Еко Свест “ беше потенцирано дека власта настапувала амбициозно кога велела дека за многу брзо ќе ги видиме ефектите од планот за чист воздух.

Преставниците на градската и централната власт на ставот дека секој поединец е должен да придонесе во борбата против аерозагадувањето.

Опозицијата пак обвинува дека локалната власт две години нема направено ништо за животната средина и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.Лани во зимскиот период воздухот во Скопје беше помеѓу најзагадените во светот. Голем дел од активистите со порака до надлежните дека изминатава година не е направено доволно, а од власта се правдаат со ставот дека оваа грејна сезона ќе имаме помало загадување на воздухот.

0 Коментари

Остави коментари