Како да не дојде до изумирање на старите занаети - дали и колку најавените субвенции ќе спасат нешто?
Старите занаети во Македонија се симбол на традицијата и културата на овие простори. Занаетите му пркосат на времето, пренесувајќи уметнички вредности на идните генерации и запознавајќи ги со вештините на идните поколенија. Еснафите имаат клучна улога во организацијата и функционирањето на занаетите. Тие не само што ја дефинирале техниката на работа, туку и ги регулирале односите меѓу занаетчиите.
Со текот на времето, многу од традиционалните занаети почнале да изумираат поради индустријализацијата и модернизацијата. Нови занаети се појавиле, адаптирајќи се кон потребите и барањата на новото време и потребата што ја диктира пазарот. За да не дојде до целосно изумирање на занаетите, Занаетчиската комора бара од државата, да ги заштити со закон.
Министерството за економија и труд објави јавен повик за поддршка на занаетчиите до 200 000 денари во вид на субвенција, за што се одвоени 6,5 милиони денари од буџетот, повик отворен до 1 октомври.
Од занаетчиската комора на Македонија за телевизија 24 велат дека занаетчиствоте е еден од сегментите што беше најпогоден од кризите што ги имаше изминатите години. Според нивните пресметки потребни се над 10 милиони денари подршка.
Филигранство, Терзиство Срмаџиство, Копаничарство се само дел од многуте занаети чии занаетчии имаат најголема желба да го пренесат на своите идни поколенија што се случува со векови наназад.
Старите занаети во Македонија се богатство на знаење и традиција, дел од нашето културно наследство и продолжуваат да восхитуваат со својата уникатност и автентичност.

