„Кајмак“ на Манчевски започнува со работа
Foto

„Кајмак“ на Манчевски започнува со работа

кипа од Македонија, Данска, Холандија, Хрватска, Бугарија, Англија, Италија и Србија почнуваат со работа на новиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“.

„Кајмак е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината“, вели Манчевски.

По сценарио и режија на Милчо Манчевски, во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија. Македонската Радио Телевизија е копродуцент.

Екипата е особено горда што во оваа најтешка пандемиска година во светот, токму овој филм доби поддршка и од европскиот фонд Еуримаж, што е несомнено огромна потврда за вредноста на проектот.

Според финансиската конструкција на филмот, Македонија учествува со 48 проценти, додека 52 проценти од средствата доаѓаат од странство.

0 Коментари

Остави коментари