Каја Шукова нова претседателка на форумот на жени на СДСМ
Каја Шукова е нова претседателка на форумот на женк на СДСМ. Кандидадтката на СДСМ за градоначалник на град Скопје која што не успеа за првпат во историјата на партијата да се пласира во вториот криг и трката за град Скопје ја заврши како петта е новата претседателк на форумот на жени, одлучи вечерва ИО на СДСМ.
Шукова е третата функционерка која што Венко Филипче ја враќа на висока партиска пизиција по историски најголемиот пораз на партијата на локалнитд избори. И покрај оставката како шеф на изборниот штаб и генетален секретар Александар Саша Димитријевиќ остана генерален секретар на партијата, а Фани Каранфиловска Пановска заменик претседател.
Неа наместо констатирање на оставката на Конгресот на СДСМ и се гласаше само доверба која ја помина, а нема информации што се случи со оставката која според делегатите на Конгресот на СДСМ "мистериозно" исчезна пред почетокот на Конгресот.

