Кај струмичко „Костурино” откриени пронајдоци од пред 8 милениуми

 Струмичките археолози открија нови остатоци на локалитетот Орниче кај Костурино – струмичко кои укажуваат дека таму имало цивилизација уште во раниот неолит со што станува збор за најстара населба во Југоистокот. Со новите пронајдоци како што кажа археологот Зоран Рујак преставува алка во неолитазицијата на Централен балкан од оној анадолско –балкански комплекс

Последните пронајдоци кај Костуирно струмичко укажуваат дека во Југоистокот имало цивилизација цели 6 века претходно отколку што се претпоставувало, кажа директорот на музејот Александар Манински кој подвлече дека како институција во наредниот период акцент ке дадат на локалитетот Миравци кај валандовско.

Според проекциите на локалитетот Црниче кај струмичко костурино ќе се продолжи со геомагнетни истражувања за да се добијат контурите на сите објекти за да се добијат важни информации за неолитизацијата на југоистокот туку и на целиот Балкан.