Дарко Каевски од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека вчера Заев ја искористил можноста која ја дава Деловникот и побарал од пратениците да изгласат доверба без да има дискусија. Тоа било од причина да се покаже пред граѓаните и приватниот сектор дека владата е стабилна и не се точни обвинувањата на опозицијата дека владејачкото мнозинство е нестабилно и дека ќе има предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
„Сето тоа даваше прецепција кај граѓаните дека е можно повторно да се случат предвремени избор и да се забави текот на функционирањето на институциите и целиот приватен сектор, што дополнително влева нестабилност и несигурност кај граѓаните.“ - рече Каевски.
Тој додаде дека со тоа се покажало дека тие лажни вести на опозицијата и дека се победуваат само со вистината. Следните парламентарни избори ќе се случат за 4 години, рече Каевски.
0 Коментари