Каевски: Мицкоски е под притисок од пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои се за уставни измени
Христијан Мицкоски е под притисок од пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои се за уставни измени, велат од СДСМ. Според портпаролот на владеачката партија, преку лажни соопштенија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го одвлече притисокот што го има од нивните поддржувачи. Кога процесот ќе влезе во Собранието голем број пратеници и од опозицијата ќе гласаат потврдно.