Кадиров тврди дека добил зелено светло за нова офанзива во Доњецк

Рамзан Кадиров, лидерот од Чеченија, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, објави дека му е дадена наредба да промени распоред на своите сили во источна Украина, конкретно во Народната Република Доњецк (ДНР).

Во својата објава, Кадиров ги извести пријателите дека чеченските единици добиле нова наредба за прераспоред на силите. Според наредбата, територијата на Народната Република Доњецк станува зона на нивна одговорност. Тие се задолжени да започнат активни борбени операции и да ослободат повеќе населени места. За оваа офанзива, чеченските борци се подготвени за јуришни активности со поддршка од Министерството за одбрана и Генералниот штаб на руските вооружени сили.

„Пријатели, чеченските единици добија нова наредба да ги прераспределат своите сили. Територијата на Народна Република Доњецк станува зона на одговорност“, напиша Кадиров. 

Кадиров исто така сподели дека другите единици од неговиот баталјон Ахмат, лоцирани во делови на контактната линија помеѓу регионите Запорожје и Херсон, добиле слични наредби за започнување на офанзива.

Исто така, Кадиров изрази мислење дека треба да се прогласи вонредна состојба во Русија и да се употребат сите борбени средства за исчистување на терористичката ќелија. Тој предложи дека украинската армија и политичарите треба да се нарекуваат според нивното вистинско име - терористи.

„Неопходно е да се прогласи вонредна состојба во Русија и да се употребат сите борбени средства за да се исчисти целата терористичка ќелија. Наместо да се користат термините украинска армија и украински политичари, треба да ги нарекуваме со нивното вистинско име – терористи“, напиша Кадиров.