Кацарска: Пратениците се однесуваат несериозно и очигледно не ја сфаќаат сериозноста на Уставниот суд

Талат Џафери официјално молчи, опозицијата подготвува предлози за уставни судии, мнозинството без конкретна најава како ќе го врати мнозинството, кое велат им е клучно, а комисијата која треба да ги предложи 4-те уставни судии и натаму блокирана. 

За шефицата на Уставниот суд, токму оваа состојба е несериозна, на народните избраници им порача да се преиспитат што значи улогата на Уставниот суд во една држава. Се сомнева и на намерни блокади.

Во законодавниот дом, игра на нерви. Според неофцијалните информации на ЅВ 24 од Собранието, Џафери ќе молчи, до четврток, до кога истекуваат 3-те деловнички дена за да се изјасни за иницијативата. Според неофицијални информации на ТВ 24, не се исклучува Џафери да ја закаже комисијата, со што би ги тргнал од себе ообвинувањата дека намерно ја блокира комсијата.

Според истите информмации, не се исклучува ниту варијаната и мнозинството да се дозволи комисија на која опозицонери кои имаат мнозинство би избрале свои предлози за уставни суди, по што власта потоа би ги турнала на пленарка, бдејќи ниту СДМС,ниту ВМРО-ДПМНЕ, без другите немаат 2/3 мнозинство. 

Официјално денеска од власта само познатата партиска реторика. 

- Според Деловникот за работа на Собранието мнозинството треба да се преслика и во комисиите. Како што го блокираат законот за наставници со кој се гарантира повисока плата на наставниците и многу други закони кои се во интерес на граѓаните така го блокирааат и комплетирањето на работните тела согласно новото мнозинство. На тој начин ја блокираат работата на комисијата за избори и именувањ мнзоиснтво л=колку што епотребно за избот на уставни судии. - изјави Јован Митревски координатор на ПГ на СДСМ.

Пратениците на Христијан Мицкоски и денеска бараат Џафери да ја закаже комисијата и најавуваат дека не се исклучува можност за нивни предлози за уставни судии. Според информациите на ТВ 24 од партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски планира  двјца кандидати, имиња засега не откриваат, но велат се работи за двајца актулни професори по уставно право на УКИМ. 

Комсијата беше прекината во мај, кога ја водеше ја сегашниот градоначалник на општина Струмица, по жестоки судири на власта и опозицијата токму околу уставните судии. Според информациите од власта за фаворити, засега им оставнува само државниот обвинител Љубомир Јовевски и Фатмир Скендер.