Кабинет на претседател на Собранието: Прифаќањето на интерпелацијата за Даути нема правно обврзувачки последици за разрешување

Откако вчера попладне со 61 глас „за“ беше прифатена интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути, од Кабинетот на претседателот на Собранието испратија соопштение во кое се нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. 

Именувањата и разрешувањата, велат од Кабинетот, се уредуваат со други посебни процедури утврдени во деловникот на Собранието, законите и Уставот.