Јуре Здовц е нов тренер на Жалгирис
Foto

Јуре Здовц е нов тренер на Жалгирис

Литванскиот кошаркарски великан Жалгирис официјално го објави назначувањето на Јуре Здовец на функцијата главен тренер на тимот.

Договорот со 54-годишниот Словенец важи до крајот на сезоната 2021/22.

Здовц го наследи Мартин Шилер, кој беше отпуштен по два порази на почетокот на новата сезона во Евролигата.

Минатата сезона, словенечкиот кошаркарски стручњак беше тренер на Метрополитан 92.

0 Коментари

Остави коментари