Јунајтед стави крај на победничката серија на Сити
Foto

Јунајтед стави крај на победничката серија на Сити

Фудбалерите на Манчестер јунајтед вчера со гостинска победа од 2:0 над Манчестер сити во натпревар од 27. коло во Премиер лигата ставија крај на неверојатната серија од 21. последователна победа на градскиот ривал во сите натпреварувања.

Победничката низа на тимот на Пеп Гвардиола во 159 градско дерби ја прекинаа Бруно Фернандеш, со прецизен удар од 11 метри  во втората минута и Лук Шо во 50 минута.

За тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, ова беше четврта победа во седмиот дуел против Манчестер сити со Гвардиола на клупата.

Екипата на Манчестер сити, која беше во серија од 15 едноподруго победи во Премиер лигата, останува лидер на табелата со 65 бодови, 11 повеќе од градскиот ривал Јунајтед на второто место.

0 Коментари

Остави коментари