Јунајтед минимално поразен од Барселона, Ајакс и Јувентус ремизираа во Амстердам
Foto

Јунајтед минимално поразен од Барселона, Ајакс и Јувентус ремизираа во Амстердам

Во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите Барселона на „Олд Трафорд“ забележа победа над Манчестер јунајтед со 1:0.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 12.минута кога по ударот со глава на Луси Суарез, Лук Шо го смени правецот на топката и таа влезе во голот на Де Хеа.

Гостите од Каталонија беа подобри, ја имаа контролата на играта во текот на целиот натпревар и сосема заслужено со предност се враќаат во Шпанија.

На другиот натпревар одигран синоќа, Ајакс и Јувентус ремизираа во Амстердам.

Кристијано Роналдо во 45.минута донесе водство за Јувентус, конечните 1:1 ги постави Давид Нерес во 46.минута. 

0 Коментари

Остави коментари