Јубилеен концерт на Пламенка Трајковска „LADIES AND GENTLEMEN”
Foto

Јубилеен концерт на Пламенка Трајковска „LADIES AND GENTLEMEN”

убилеен концерт на Пламенка Трајковска „LADIES AND GENTLEMEN” вечер ќе се одржи на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

На концертот, Трајковска ќе се претстави со својот музички опус и на него ќе настапат и нејзините долгогодишни колешки како гудачки квинтет и „Трио Џентлмен“.

– На програмата се вкрстуваат авторски композиции во специфичниот израз на Пламенка Трајковска, романтични теми, македонски и теми од класичната музика. Атрактивноста на концертот произлегува од специјалните технички и мултимедијални елементи автентични за Пламенка Трајковска, информираат организаторите на концертот.

Пламенка Трајковска е еминентна виолинистка, членка на државната Филхармонија,  како и на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“.

 Автор е на албумот „Апасионато“, единствениот македонски музички албум со вкрстување на класичната и модерна музика, потоа на сингловите „Светулки„ – создадени во поп романтичен стил, а креатор е и на неофицијалниот музички албум „Црвената виолина“ со интерпретации на латино теми. За најмладите минатата година го издаде музичкиот албум „Карневал на животните“ од Камиј Сен Санс, адаптиран за виолина и пијано.

Развојот на камерната музика и доближувањето на класичната музика до најшироката публика се повод и причина да реализира бројни музички проекти, меѓу кои оркестарот „Ода на радоста“ составот „Келтикум“,Танго трио„ и бројни мултимедијални проекти како што се „Музика и филм“,  „Музика и цртан филм“, „Белата виолина“ и многу други. Проектот „Класика за деца“ на Трајковска има за цел на најмладите да им овозможи присуство на концерт на класична музика.

Има реализирано голем број на концерти во земјава и на најзначајните културни манифестации  како  што се „Скопско лето“, „Бит фест“, „Штипско културно лето“, „Петровденски ракувања“, „Топол културен бран“, „Караманови средби“, „Кавадаречка културна есен“. Има настапи и на концертни сцени во Хрватска, Србија, Бугарија, ГрцијаФранција и Танзанија.

0 Коментари

Остави коментари