Јовевски за тв 24: Нашата економија не може да си дозволи целосно затворање
Foto

Јовевски за тв 24: Нашата економија не може да си дозволи целосно затворање

Универзитетскиот професор Лазар Јовевски во 24 анализа смета дека како економија не се подготвени за целосно затворање. Не треба да се плашиме од радикални чекори, ако тие бидат добро осмислени и да овозможат функционирање на економијата.

„Нашата економија со своите потенцијали и орјентрираните пазари надвор, но и внатрешната потрошувачка, не може да си дозволи локдаун.“ - вели Јовевски.

Јовевски смета дека кај нас пазарот на труд е поинертен од другите земји и кај нас потешко се вработува и не се добива така лесно отказ. Секое поместување на пазарот на труд кај нас е подраматичен. Со четвртиот сет мерки кој го имаме спроведено, се чини дека не се даваат очекуваните резултати, вели Јовевски.

„Одредени мерки беа нејасни, имаше разни толкувања, па се менуваа разни начини како да се употребат, имавме и злоупотреби каде се земаше мерката, но не се даваше онаа минимална помош од 14 500 денари и тоа создаде конфузија на пазарот на трудот.“ - вели Јовевски.

0 Коментари

Остави коментари