Јовевски за ТВ 24: Бев изложен на јавноста две години, треба да се каже зошто е повлечена кандидатурата

Владеачката СДСМ денеска на собраниската Комисија за избор и именувања го повлече предлогот, Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд. Кандидатурата на Јовевски за судија во Уставен суд, во Собрание чекаше повеќе од една година, во меѓувреме тој се пензионираше и веќе не е јавен обвинител.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, рече дека одговорност ќе биде побарана и од тие кои го штитат криминалот, опишувајќи го поранешниот републички јавен обвинител како главен политички егзекутор и  заштитник на криминалот на власта во изминатите 6 години.

По повеќе од една година изложеност и без епилог во собрание не сум изненаден што вака заврши мојата кандидатура. Изненаден сум од односот на нефер игра и мое непотребно изложување кон јавноста цели две години, вели во изјава за тв 24 поранешниот републички обвинител Љубомир Јовевски. 

„Нема да ги коментирам партиските реакции. Не ме заплашуваат најавите дека ќе се бара одговорност од мене, има институции па нека постапат. Мојата кандидатура повеќе од една година е во Собрание па денеска без никакво образложение за една минута беше соопштено дека е повлечена. Треба да се каже поради кои причини, вели Јоввски за 24 тв.

Уставниот суд кој две ипол години функционира во некомплетен состав, нагласува дека за 60 години постоењето досега не е забележано толку долг период судот да остане некомплетен. Ова, како што нагласуваат, говори каков е односот на државата кон Уставниот суд и како не се почитува Уставот од страна на пратениците. 

Уставниот суд две ипол години функционира во некомплетен состав, од јуни 2021 година. До денес јавно се упатени голем број апели, одржан е состанок со државниот врв, испратен е и официјален допис до претседателот на Собранието за да ги информираме пратениците дека состојбата со бројот на судии е алармантна.  Што се однесува до информациите со тековни предлагања или повлекувања на кандидати во комисиите на Собранието, Судот нема надлежност да учествува во тој избор, но ќе ја искористи оваа прилика повторно да испрати апел, пред да се распушти Собранието, пратениците да го изберат и деветтиот судија. 

Последниот избор беше на 12 декември 2023 година кога универзитетската професорка Јадранка Дабовиќ Анастасовска беше избрана за уставен судија.