Јовева: Проширувањето не е на дневен ред

Проширувањето не е на дневен ред ниту пак меѓу приоритети на ЕУ.  Има некои членки кои се против интеграцијата на Западен Балкан, но не сакаат јавно да го искажат ставот затоа што негативно ќе им рефлектира врз политиките во своите земји, тврди европратеничката Ирена Јовева. 

Словенечката европратеничка во интервју за Трилинг кое во целост ќе биде  објавено во утрешното издание на емисијата вели дека речиси нема никакво шанси до крајот декември   Брисел да даде зелено светло за старт на преговорите со Северна Македонија поради непопустливите позиции на  Бугарија.