ЈОВЕСКИ ЗА ТВ24: НЕМА КОМЕНТАР НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПОВИЦИ
Foto

ЈОВЕСКИ ЗА ТВ24: НЕМА КОМЕНТАР НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПОВИЦИ

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески нема коментар на повиците од вчерашниот "Марш за правда". - Политички пораки не сакам да коментирам, ние ќе продолжиме професионално да работиме и во иднина вели Јовески за ТВ24. Истиот став го дели и претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити. - Немам што да коментирам, изјави Саити.

Зоран Заев вчера од маршот порача на судиите, обвинителите, поротниците да се ослободат и да работат професионално.

- Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту нивните инсталации не ви можат ништо. Не сме задоволни од испорачаното во однос на правната држава, затоа решивме дека ни е потребно правосудство кое ќе ја донесе правдата, а не да застарува предмети, рече Заев.

Во однос на законот за јавно обвинителство кој пред два дена беше изгласан со поддршка од 80 пратеници, обвинителот Јовески го поздравува и вели дека е добро што случаите на СЈО ќе добијат законска сигурност:

-Добро е што се донесе законот бидејќи во него се гарантира правниот тек на истрагите од Специјалното обвинителство, има поголема финансиска независност од претходно и зајакнување на капацитетите со обвинители.

0 Коментари

Остави коментари