Јовески: Пожарот во тетовската модуларна болница избил при реанимација на пациент

Сегашните вештачења и докази со кои ние располагаме говорат дека пожарот во тетовската модуларна болница избил во моментот кога се врши реанимација на еден од пациентите во оваа болница, вели државниот обвинител Љубомир Јовески во интервју за радио Слободна Европа.