Јовановски за ТВ 24: Од штрајкот најмногу губат децата
Потпретседателот на Стопанска комора Зоран Јовановски во емисијата 24 анализа смета дека ова е едно од прашање за кое државата мора да има систематски пристап и на подолго ниво.
- Проблемите во образованието се системски и ставени на марганините на оштеството. Ние издвојуваме помалку од јавните расходи за образованието, вооднос на земјите од Западен Балкан, според Светска банка. Луѓето во образованието се заборавени од сите и тие чекаат да им се зголемат платите исто како на докторите што им се зголемија за време на пандемијата. Од штрајкот најмногу губат децата. Се треба да се гледа низ призмата што тие стекнале во текот на образованието. Кога сте ставиле да се наталожат проблеми, тешко е да се одбере вистинкиот момент тие да почне да се решаваат. - вели Јовановски.