Јовановски за ТВ 24: Македонија да прати декларација до ЕУ ако Бугарија блокира за идентитетот

Новинарот Борјан Јовановски во емисијата 24 анализа истакна дека нема да бидеме поблиску до пресвртот кој дојде по посетата на Мицкоски во Будимпешта. Вели дека партиите можат без проблем во Собрание со декларација потпишана од сите партии да се адресираат сите неправди од страната на ЕУ кон Македонија.

- Мицкоски ќе прави се што може пртеговорите да не почнат и да не се случат уставните промени. Преговарачката рамка е јасна. Дали може друго да се напраи? Може, а проблемот е што опозицијата има друга агенда поврзана со посетата на Орбан. Факт е дека луѓето имаат страв и тоа се оправдани. По сите искуства кои Македонија ги има од ЕУ и падот на кредибилитетот на европските интеграции и тоа се должи во голема мера на промените кои ги направи Макрон со блокадата. Па се надоврзаа Бугарија и ја ставија ЕУ во заложништво за предзиборни поени. Ние смее млада држава и треба да научиме дека за нас е во интерес да се интегрираме. Членството во НАТО не спаси од многу ситуации и се однесуваме сега како мали деца. Македонија да прати декларација до ЕУ ако Бугарија блокира за идентитетот и дека земјата ќе ги напушти преговорите и тоа да го стават во декларацијата во текот на преговарачкиот процес. - рече Јовановски.