Јовановски за „Студио 10“: Народот памти и не заборава

„Досега ние живеевме во 21 век, ама некако среден век, темно, тмурно, уништено. Со победата на последните избори, како претседателски така и парламентарни, го доживеав ова како ренесанса. Се отвори небото и некои работи треба да тргнат на подобро. Ветувањата од победничката коалиција се многу големи. Објективно имаат голем и тежок пат кој треба да го изодат во реализација. Да ја вратат Македонија онаму кај што беше, или повторно своја како што беше слоганот. Се надевам дека ќе успеат во тоа. Не можам да верувам дека тоа можат да го направат во 4 години ако останат толку, ако нема предвремени избори или некои состојби. Се надевам дека сето она што го ветуваа ќе биде направено. Со една цел, народот им даде голема доверба нив , на новите луѓе на власта и во собранието. Народот ништо не заборава, казнува и им даде потполна доверба да ја водат државата. Верувам дека ќе го завршат во амбиент кој они го замислија и го кажаа во кампањата на избори кои поминаа.“ - Крсто Јовановски, поранешен пратеник.