Јовановски: Бугарија не го направи ова без премолчена поддршка од ЕУ
Бугарското вето имаше премолчена поддршка од ЕУ, вели историчарот Јовановски за тв 24. Тој е убеден дека зад официјална Софија стојат и други земји и се повика на изјавата на шефицата на бугарската дипломатија Захариева која тврди дека не сите земји-членки на ЕУ сакаат да ја видат Македонија во Унијата.
Чешко - словачката блокада на заклучоците за проширувањето против бугарските барања, Јовановски ги коментира како вето за вето и смета дека Берлин не направи доволно во однос на Бугарија, според очекувањата на македонските граѓани.
- И да била под некаков притисок, можеби не е толкав притисокот колкав што македонската влада, македонските граѓани посакуваат. Мора секогаш да имаме предвид дека, додека Борисов е премиер а ЦДУ е на власт во Германија , ГЕРБ и ЦДУ имаат извонредни односи. Десни партии, но извноредни односи, да повторам, не само што се десни партии. - вели проф. Далибор Јовановски историчар.
Македонија позитивни критики добива од голем дел од членките на Унијата, но засега никој офицајлно не застана зад ветото на Чешка и Словачка, кои и порачаа на Бугарија дека нема да дозволат перцепција за фалсификување на историјата.
Марјан Шарец кој беше премиер на Словенија до март 2020 година , а сега главен опозиционер и критичар на владата на Јанез Јанша, во интервју за тв 24 вели дека не се согласува со сегашната надворешна политика на Јанша и смета дека Љубљана може да направи повеќе за Скопје.
- Северна Македонија и Словенија имаа некако некои исти карактеристики. Исто сме големи и историски имаме некои сличности. Бевме дел од една држава и добро се разбираме едни со други. Словенија тука и сега треба да ја одигра својата улога. Северна Македонија мора нешто да добие поради тоа што го даде. - Марјан Шарец екс премиер на Словенија.
Во ЕУ се поизразени се големите разлики меѓу членките. Уште пред една година потпретседателот на ЕП, Димитрис Пападимулис ,во интервју за Трилинг на тв 24 кажа дека длабоките поделби во Унијата на леви и десни сили се се поизразени, ЕУ ја опиша како велосипед - за да се движи мора да се врти со педалите. Тој тогаш порача дека проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е вистинскиот рецепт за заштита од надворешни влијанија.