Јовановиќ во СТУДИО 10: Лакоми, а не успешни фирми се оданочуваат со солидарниот данок

Професорот Бранимир Јовановиќ од Виенски институт за економски студии во СТУДИО 10 на ТВ 24 вели дека солидарниот данок е сосема на место и дека станува збор за истите 200 фирми кои само земаат од Македонија, а сега прв пат треба да платат нешто што добиле повеќе од другите фирми.

- Едноставно не се солидарни, не сакаат да споделат од колачот фирмите кои профитираа од кризата, вели Јовановиќ и додава дека данокот е уставен и не е ретроактивен оти се однесува на тековната година кога државата може да воведува нови даноци, а легитимно е да се користи како репер ланската пресметка.

Тоа не се успешни фирми, тоа се лакоми фирми кои профитираат додека нивните сограѓани гладуваат, вели Јовановиќ.

Тој појаснува дека со солидарниот данок е опфатен само екстра профитот, додека другата добивка се даноци по редовна постапка.

- Ние за една година имаме дополнителни 100.000 луѓе кои станаа сиромашни затоа што ваквите фирми ја искористија кризата и енормно се збогатија, вели Јовановиќ.