Јотова: Синови на мајка Бугарија се закопани тука затоа што народот Бугарите ги сметал за свои

Откако синоќа во ресенското село Евла ја посети ловечката куќа како дел од проектот „Бугарски ловни традиции од времето на цар Самоил до денес“, бугарската потпретседателка Илијана Јотова денеска ја завршува посетата во Битола со присуство на воено – црковен ритуал на бугарските воени гробишта во селото Цапари и на бугарскиот козулат. 

Таа не е дел од официјалните гости по повод 4 ноември – денот на ослободувањето на Битола туку е со своја агенда. 

Пред Присутните на воените гробишта таа кажа дека бугарските војници верувале во ослободувањето на сите Бугари и во обединувањето на Бугарија, таа упати порака дека вистината е секогаш е таа што ја кажува народот а не таа што се пишува на страници...