Јосифовски за тв 24: Станати сме угостители на духови
Foto

Јосифовски за тв 24: Станати сме угостители на духови

Здравко Јосифовски од независната Комора на угостители во 24 анализа вели дека доколку има здрав разум и економија, ќе нема потреба од локдаун. Потребно е сите да се соочиме со новото секојдневие и да им помогнеме на тие што одлучуваат во име на угостителите да донесат разумни одлуки, да донесат разумни препораки и да ја подигнеме свеста и едукацијата кај граѓаните.

„Доколку си ги ограничиме малку работите, ќе видиме дека нема ништо да промените во начинот на ивот додека не заврши пандемијата. Не се потребни рестриктивни мерки кои се однесуваат само на одредени територии и индустрии. Доволна е само едукација.“ - вели Јосифовски.

Потенцира ако ова се реализираше како што треба, сите ќе го имавме тоа секојдневие без штети на економијата, особено туристичко-угостителскиот сектор. Вели дека чувството во овој момент е како да се угостители на духови. Гостите не ги посетуваат објектите. Во однос на бројот на вработените, тој вели дека ниту еден угостител не би дозволил да загуби вработени во кои инвестирал.

„Немаме статистики колку останале без работа, факт е дека вршпиме рационализација цело време. Интересот за работа во овој сектор опаѓа зошто не можат да ги остварат соодветните приоди од нормалното работење, самите угостителски работници.“ - вели Јосифовски.

0 Коментари

Остави коментари