Јорданов за ТВ 24: Ќе дојде денот кога луѓето ќе останат на улица, ќе ни се случат социјални немири

Иван Јорданов градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа потенцираше дека се доцни со мерките и потреба е координација помеѓу сите градоначалници и претставници од општините  со вкадини претставници.

- Веќе ќе почне да доспеваат сметките за струја во сите институции, вклучувајќи ги и јавните претпријатија и има општини каде, ако не се донесе побрзо одлука, веќе се со блокирани сметки, имаат долгови кои ги враќаат а се од периодото кога немало енергетска криза. Ние враќаме кредити од минатото и имале доспеано и зголемено неколкукратко трошоци. Институциите треба да влезат под регулиран пазар за да имаат предвидлив трошок. Колку и да штедиме, имавме состојба кога сметката за струја беше 19 милиони денари, а приходот од наплата на вода и ѓубрарина е 17 милиони. Ќе дојде денот кога луѓето ќе останат на улица, ќе ни се случат социјални немири. - вели Јорданов.