Јорданов за ТВ 24: Една одговорна опозиција има одговорност да бара предвремени избори кога е најтешко
Foto

Јорданов за ТВ 24: Една одговорна опозиција има одговорност да бара предвремени избори кога е најтешко

Градоначалникот на Штип, од ВМРО-ДПМНЕ Иван Јорданов во емисијата 24 анализа истакна дека треба да се случат проблеми во државата зошто треба да се надмине оваа криза.

- Сиромаштијата владее, недовербата се зголемува, граѓаните живеат се потешко, а од актуелната власт не гледаме решавање на состојбата, туку само одредени политички случувања кои не носат ништо ново. Одговорноста е на власта и покрај кризата што владее, треба да се случат промените. Една одговорна опозиција има одговорност да бара предвремени избори кога е најтешко. Се покажа во минатото дека техничката влада е нефункционална. Причина повеќе за изборите е да се укинее таа техничка влада која во изминатите изборни циклуси беше на сила за распишување на предвремени избори. Против народот никој не може да оди и затоа се поднесе оваа иницијатива. - вели Јорданов

0 Коментари

Остави коментари