Јонуз за „Студио 10“: Македонија е во „лер“ - има ли пилот во авионот?

„Има ли пилот во авионот? Во Македонија не се случува ништо конкретно. Сите се свесни дека уставните измени се пропадната работа. Фразеологијата која владее по медиумите е дека се уште има некаква шанса, а знаеме дека нема. Има една фраза која вели: Иде, иде - па застане. Ние влегуваме во лер во 2024 година. Се наоѓаме во предкампања за избори. Во моментов не само што ништо не се случува, туку и нема да се случува. Мое видување дека и до следната есен нема ништо конкретно да се случи, освен политички препукувања. Има ли полот во авионот? Во насока на посетата Столтенберг, според мене нема да се каже нешто ново.“ - вели за „Студио 10“ Агим Јонуз.