Јокиќ со 34 поени му помогна на Денвер да го израмни резултатот против Клиперс
Foto

Јокиќ со 34 поени му помогна на Денвер да го израмни резултатот против Клиперс

Денвер нагетс се избори за мајсторка во серијата со Лос Анџелес Клиперс во конференциското полуфинале од НБА плејофот.

Најзаслужен за вечерашната победа со 111:98 (26:34, 21:29, 30:16, 34:19) на Денвер беше Никола Јокиќ со 34 поени и 14 скока.

Сега резултатот е 3-3 во серијата прв до четири победи.

Седмиот меч кој ќе го реши патникот во финалето на Западната конференција е закажан за 16 септември.

Прв финалист на Запад е Лос Анџелес лејкерс.

Во финалето на Исток ќе се сретнат Бостон и Мајами.

0 Коментари

Остави коментари