Јокиќ повторно маестрален за 7-ми триумф во низа на Денвер
Foto

Јокиќ повторно маестрален за 7-ми триумф во низа на Денвер

Кошаркарите на Денвер го извојуваа седмиот триумф во низа, совладувајќи го Детроит со 134:119. Јокиќ повторно беше маестрален и за само 27 минути минати на паркетот забележа исто толку поени, 8 скока и 11 асистенции. 

Кај гостите од Мичиген, најефикасен беше минатогодишниот играч на Денвер, Грент кој уфрли 29 коша. Актуелниот првак Лос Анџелес Лејкерс славеше против Торонто на гости со 110:101.

Победникот беше решен веќе по 20 минути игра кога езерџиите поведоа со 34 разлика (66:32). Хортон со 17 поени ги предводеше седумте двоцифрени стрелци кај Лејкерси кои постигнаа дури 18 тројки.

Торонто за утеха го имаше најефикасниот поединец на мечот Сијакам со 27 коша. 

Во најдраматичнот ноќешен натпревар, Голден Стејт со двата поена на Убре од слободни фрлања на седум секунди пред крајот, го совлада Милвоки со 122:121. 

Најголем придонес во победата имаше феноменалниот Кари со 41 кош, додека кај гостите во отсуство на повредениот Адетокумбо, прво име беше Мидлтон со 29 поени. 

Во другите средби: Индијана - Чикаго 97:113, Атланта - Њу Орлеанс 123:107, Бостон - Филаделфија 96:106, Мајами - Мемфис 112:124 и ЛА Клиперс - Портланд 133:116.

0 Коментари

Остави коментари