Јокиќ маестрален, Дончиќ триумфираше против Денвер
Foto

Јокиќ маестрален, Дончиќ триумфираше против Денвер

Актуелниот МВП на паркетот мина 35 минути за кои постигна 27 поени. Дополнително, оствари дабл-дабл учинок со 16 скока, а имаше и три асистенции.

Покрај Јокиќ се истакнаа Гордон со 15, а Вил Бартон со 12 поени.

Денвер на полувремето губеше со девет разлика, а на осум минути и 22 секунди до крајот на натпреварот успеа да се доближи на четири разлика (72:76).

Далас потоа направи серија од 22:10, при што постигна шест „тројки“ и ја обезбеди победата. Кај Далас најдобар беше Лука Дончиќ со 21 поен, осум фатени топки и 15 успешни додавања.

 

 

Резултати од НБА:

Филаделфија - Хјустон 133: 113

Вашингтон - Шарлот 124: 121

Бруклин - Мемфис 104: 118

Чикаго - Орландо 102: 98

Милвоки - Детроит 106:115

Њу Орлеанс - Јута 104:115

Далас - Денвер 103: 89

Голден Стејт - Мајами 115: 108

Портланд - Атланта 136:131

ЛА Клиперс - Минесота 104:122

0 Коментари

Остави коментари