Јоханес Хан обвинет за корупција
Foto

Јоханес Хан обвинет за корупција

Европскиот комесар Јоханес Хан обвинет за корупција..Францускиот весник„Либерасион“ обвинува дека Еврокомесарот дозволил странски лобисти да го носат на скапи вечери и на ловечки излети без да го пријави тоа во телата за транспарентност на унијата... 

Според венсикот, Хан, кој е комесар за буџет и администрација, бил дел од ловечка забава во декември 2015 -та, која ја платило белгиското лоби на сопственици на земјиште а во јуни оваа година тој трипати се сретнал со австриската претставничка во Комисијата на ревизори, Хелга Бергер, која потоа сметките од вечерата ги проследила за наплата до ревизорската комисија...

Весникот „Либерасион“ пренесува и дека агенцијата на ЕУ за борба против измами, ОЛАФ, отворила прелиминарна истрага против Хан за овие обвинувања но таа веднаш била откажана под притисок на Комисијата и одредени земји-членки... 

Од кабинетот на Хан велат дека наведените средби биле дел од редовната размена што тој ја имал со претставници на институции а дел пак биле приватни состаноци...

- Јоханес Хан не морал да го вклучи учеството во ловот во регистарот за транспарентност на Комисијата бидејќи бил само придружник на друго лице. Вечерите беа приватни и немаа никаква врска со дискусијата и спроведувањето на политиките на ЕУ. - изјави за Француските медиуми, портпаролот на еврокомесарот.

Хан е дел од австриската Народна партија, каде неколку членови се соочуваат со обвиненија за корупција. Поранешниот австриски канцелар и претседател на партијата, Себастијан Курц, беше принуден да поднесе оставка на функцијата откако се појавија информации дека со државни пари нарачувал анкети. Оставка најави и Александар Шаленберг, кој беше именуван за негов наследник.

0 Коментари

Остави коментари