ЈО ги чека предметите на СЈО, додека продолжуваат консултациите за Законот
Со ново писмо од затворот во Шутка, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја активира поднесената оставка од 15 јули. Оставката следува во ист ден кога собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно и без дискусија донесе одлука на Собранието да му препорача разрешување на Јанева поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.
Во меѓувреме Јавното обвинителство ги чека предметите од СЈО, додека продолжуваат консултациите меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за ЈО.