Јавниот превоз во Скопје меѓу најлошите во Европа

Јавен транспорт - едно од мерилата за целокупното задоволство на жителите од градот во кој живеат, а жителите на Скопје се едни од најнезадоволните во Европа - 53% од анктерираните корисници на градскиот јавен превоз, рекле дека не се задоволни од услугата, вели анализата на Еуроњуз. 

Достапноста, безбедноста, доверливоста  и фреквенцијата на јавниот превоз се факторите кои се важни за жителите на Европските престолнини.  Албанија и Италија со 71% незадоволни се наоѓаат на последните места на ранг листата а по нив следат Црна Гора, Србија и Кипар.

Жителите на град Скопје веќе долго време се мачат со редуцирани возни линии и недостаток на автобуси. Тие велат дека постојано владее хаос, турканици и гужви, автобуси чекаат и повеќе од половина час, но не е факт дека ќе влезат во автобусот што ќе дојде, бидејќи честопати тој е веќе преполнет.

Додека Скопје е на дното на листата по употреба на јавен превоз со само 28% од жителите, главниот град котира на високото трето место по употреба на автомобили – дури 64% од граѓаните користат свое превозно средство. Иако не се редовни а некогаш воопшто и ги нема, корисниците на ЈСП претежно велат дека автобусите се безбедни а превозот е ефтин. 

И додека граѓаните со часови чекаат на автобуските постојки, доцнат на работа и училиште и не се во можност да ги завршат своите дневни обврски, со месеци никој од надлежните не превзема ништо.