„Јавна соба“ - се вештачат телефоните на осомничените

По приведувањето на четворицата осомничени во случајот „Јавна соба“, се вештачат нивните мобилни телефони. Секторот за компјутерски криминал во МВР ја истражува содржината и барааат докази какви фотографии, видеа поседуваат дали меѓу нив има порнографски материјали за малолетнички.

- Во тек е вештачењето, очекуваме повеќе информации за случајот кога ќе заврши оваа процедура. - велат од МВР.

Двајца битолчани, велешанец и штипјанец се дома по разговорот во полициска станица пред три дена. Но истрагата допрва ќе се развива. Доказите водат и до Македонец кој сега живее во Малта.

По предупредувањето од премиерот дека ќе ја блокира апликацијата во Македонија доколку се продолжи со објавување на порнографски содржини и лични податоци Телеграм ја затвори виртуелната група. На нашето прашање дали со затворањето на групата и доказите заминале во историјата, од МВР гарантираат дека од таа група претходно обезбедиле се' што им е потребно.

Паралелно додека се води оваа истрага на МВР и обвинителството, групи со слична содржина се уште се достапни на руската апликација Телеграм. Но, според информации на ТВ, почесто се објавуваат девојки од Србија.

Невладините за родова еднаквост најавија протестен марш во среда и бараат сексуалното вознемирување да стане кривично дело. Во меѓувреме министерот за правда Бојан Маричиќ по средба со една од жртвите информираше дека во Кривичниот законик ќе влезе ново дело- демнење.