Јавна седница за „Диво насеље“ пред Врховен

 

Под строги безбедносни мерки, Врховниот суд одржува јавна седница за пресудата за случајот „Диво насеље“.

Предметот се најде пред највисокиот суд поради поднесените  жалби против пресудата која пред две години ја потврди скопска Апелација. Поради обемноста на предметот, предвидено е седницата да трае два дена.

За случајот се  осудени  вкупно 33 лица од кои седум на доживотен затвор, а 13 на 40-годишни затворски казни... Во престрелка во мај 2015 година, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група.