Јавна расправа за предлог законот за оружје
Ограничување до 10 парчиња оружје кои може да ги поседува физичко лице со дозвола со исклучок за спортските стрелачи. Исто така годишно ќе биде дозволено физичко лице да користи 500 куршуми освен ако не приложи оправдана потртеба за поголема количина а секое парче оружје набавено од сиви зони ќе биде уништено - ова се само дел од измените во новиот закон за оружје за кој денеска се дискутираше на јавната расправа во законодавниот дом.
Потребата од ова законско решение ја образложи помошник министерот за внатрешни работи Јован Алтанџиев кој укажа на тоа дека со овој закон се прави усогласување со ЕУ регулативата каде електронски ќе се следи патот на оружјето односно од произвотство преку транспорт пак се до тргувањето и негова употреба а со ЕУ дозволата корисниците ќе можат да патуваат низ европските земји со тоа што на граничните премини ќе треба да го пријавуваат оружјето и да ја пориложат дозволата.
Од групацијата за оружје при Стопанска комора пак го поздравија носењето на законот но укажуваат дека тоа ќе повлече и трошоци не директно врз државата но во стопанството затоа што сите компании кои леганло работат на пазарот ќе треба да се регистрираат повторно.
Забелешки дека претходно не биле консултирани за законот изнесоа и од Комората за приватно обезбедување од каде реагираат на скратениот рок за дозвола кој претходно важеше 10 а сега е само 5 години а доколку во последните 6 месеци пред истекот на дозволата не се обнови оружјето може да биде одземено а глобите се од 500 до 1000 евра за правното лице.
Дел од ескпертите но и детективите пак изнесоа забелешка но и апел дека во законот мора да се направи поконретна дефиниција во делот на спортското оружје и неговото користење согласно законот.
Законот за оружје беше донесен 2005 та и до сега беше 15 пати надополнуван . Новото законско решение пак треба да се усогласи со европската регулатива.

