ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Професионалци пред политички кадри - најмалку 80 отсто од амбасадорите во иднина да бидат дипломати од кариера, предвидува новиот предлог закон на министерството за надворешни работи. Според Димитров ова е обид за драстично подобрување на соодносот меѓу политички дипломати и дипломати од кариера.

„Дипломатскиот мандат во странство не е награда, тоа е чест, но во никој случај не е награда за чисто политикански ангажман, сфатено единствено како уживање на прривилегии. Напротив на професионалците кои одговорно и совесно ја извржувале оваа должност, сосема им е јасно со какви предизвици и обем на работа се соочени при извршување на мисијата во странство. Ако првичниот закон предвидуваше две третини од амбасадорите, да се именуваат од кариерните вработени во министерството, со измените од 2008 година, тој сооднос се девалвираше на една четвртина.“ - Никола Димитров МНР.

Во законот да се вметне и систем на ветинг – предложи екс министерот за надворешни работи Александар Димитров. Тој смета дека е добро што се воведува внатрешна контрола, но е спорно тоа што само 3 месеци се предвидени за обука на некариерни дипломати.

Двата синдикати со подделени ставови. Од македонскиот дипломатски синдикат велат дека не постојат кариерни и некариерни дипломати – и дека законот е направен по нетраспарентна постапка, креиран во затворен круг и без вклученост на вработените во министерството.

„Законот по својот карактер е доминантно рестриктивен, пререгилиран и уредува едно силно централизирано и авторитарно министерство. Има многу слабости а и катастрофален е по својата нестручност. Пред нас имаме текст кој има тенденција , да спречува, дели и казнува. Со овој закон и нашиот министер Димитров не би исполчнил иуслови да излезе како амбасадор.“ - Зоран Дабиќ Македонски дипломатски синдикат.

Од друга страна - Синдикатот на македонската дипломатска служба пак го поддржува новиот предлог закон.

„Многу одредби и членови ги поддржуваме, но имаме и наши забелешки и третирања на одредени категории на вработени колеги во министерството. Нашите забелешки ќе ги изнесеме во писмена форма. Ќе имаме и наши предлози во одредени членови и понудени решенија.“ - Рефет Ајдари Синдикат на македонска дипломатска служба.

Министерството за надворешни работи е потценето од министерот за финансии - Димитров денеска побара и поголем буџет . МНР има вкупно 432 вработени, од кој 290 во куќата а останатите во дипломатско конзуларните претставништва – буџетот е 21 милион евра.