Јавна расправа за измените на законот за употреба на македонскиот јазик
Foto

Јавна расправа за измените на законот за употреба на македонскиот јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ организираше јавна расправа за предлогот за изменување и дополнување на законот за употребата на македонскиот јазик.

Предлагач е Советот за македонски јазик, во координација со министерствата за култура и за образование и наука. Новини во предложениот закон се да се отворат нови лекторати во странство, да се создаде електронски корпус на сите научни истражувања за македонскиот јазик и да се формира инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик како посебна институција во рамките на министерството за култура.

Предложено е и на сите универзитети во нашата држава задолжително да се изучува македонскиот јазик во траење од два семестра, а во културните центри во нашите амбасади во странство да се изучува македонски јазик за сите заинтересирани во таа држава.

0 Коментари

Остави коментари